ООУ Кирил и Методиј се наоѓа во с. Ораовица и ги опфаќа децата од самото село. Училиштето е изградено во 1946 година, а во истото наставата се изведува во две училишни згради кои денес се комплетно уредени и реновирани.

Во сколоп на училиштето е и салата која се користи за настава по предметот Физичко и здравствено образование, а е пуштена во употреба во 2008 година, истата целосно е опремена со спортски реквизити – потребни за успешна реализација на наставата по ФЗО.  Училиштето располага со дворна површина од 5,439 m2кој до пред извесен период истиот беше делумно асфалтиран и неуреден, но сега училишниот двор доби нов лик – и е уреден со тревни парцели, поставени се бехатон патеки, целосно е ограден, поставени се клупи, корпи за отпадоци и реновирани се надворешните спортски терени. Од оваа учебна година посебно важен сегмент е вградувањето на парното греење во двете училишни згради, училишната библиотека и салата за ФЗО.

Мисија на училиштето: Со почитување и развивање на индивидуалните способности  и со примена на современи методи заеднички да создадеме личности кои цел живот  учат и кои ќе напредуваат  според  своите афинитети  и можности.

Мото на училиштето:

Развивање на позитивни навики и воспитно-образовни вредности како столб врз кој ученикот ќе се изгради во целосно позитивна и карактерна личност, со свои работни и морални квалитети и вредности.

Визија на училиштето:

Нашето училиште го гледаме како безбедна и дисциплинирана средина во која учениците ќе се образуваат, воспитуваат и оспособуваат за понатамошен развој во едно прилагодено, современо, дисциплинирано училиште.

Слогани:

Воспитно-образованите ученици се со поглед кон иднината !

Училиштето е мојот втор дом !

Дисциплинирано, ефективно и ефикасно ЕКО училиште со своја култура и современ начин на однесување !

Квалитетни планирања – успешна реализација на работата !

Активни методи за работа – активни ученици !

Луѓето немаат ништо против да бидат на бродот кој се ниша, ако знаат каде одат и ако таму и самите сакаат да стигнат !

ООУ Кирил и Методиј с. Ораовица