На 21 февруари се одбележува Светскиот ден на мајчиниот јазик, кој УНЕСКО го прогласи во 1999 година, на 30. сесија на Генералната конференција.
Во чест на овој значаен датум , нашите ученици од ООУ „Кирил и Методиј“, с.Ораовица,
подготвија јазичен перформанс со пораки за негување, говорење и пишување на нашиот мајчин јазик.
„Без јазикот ќе си недостигаме самите на себе, оти само јазикот никогаш не нè оставил сами и тој памети многу повеќе отколку што ние можеме да заборавиме“, Петре М. Андреевски
Денес македонскиот јазик претставува целосно оформен, современ литературен јазик.
Но сепак, тоа не значи дека тука треба да застанеме. Напротив, јазикот е непресушен извор, кој треба постојано да се следи, да се
негува, да се надоградува и пред се да се зачува чистината на убавиот македонски збор.