Мисија на училиштето: Со почитување и развивање на индивидуалните способности и со примена на современи методи заеднички да создадеме личности кои цел живот учат и кои ќе напредуваат според своите афинитети и можности.
Мото на училиштето:
Развивање на позитивни навики и воспитно-образовни вредности како столб врз кој ученикот ќе се изгради во целосно позитивна и карактерна личност, со свои работни и морални квалитети и вредности.
Визија на училиштето:
Нашето училиште го гледаме како безбедна и дисциплинирана средина во која учениците ќе се образуваат, воспитуваат и оспособуваат за понатамошен развој во едно прилагодено, современо, дисциплинирано училиште.
Слогани:
Воспитно-образованите ученици се со поглед кон иднината !
Училиштето е мојот втор дом !
Дисциплинирано, ефективно и ефикасно ЕКО училиште со своја култура и современ начин на однесување !
Квалитетни планирања – успешна реализација на работата !
Активни методи за работа – активни ученици !
Муѓето немаат ништо против да бидат на бродот кој се ниша, ако знаат каде одат и ако таму и самите сакаат да стигнат !