ЗАВРШЕНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА КРОВОТ ВО ООУ „КИРИЛ И МЕТОДИЈ“

Вчера на ден 22.02 во присуство на претставници од инвеститорот, изведувачот, надзорот, училиштето и општина Радовиш беше извршен технички прием на проектот „Реконструкција на кров во ООУ Кирил и Методиј во с.Ораовица“.

Ова е уште еден проект со кој во општина Радовиш се подобрува образовната инфраструктура преку енергетска ефикасност.

На учениците и на стручниот и раководниот кадар им посакуваме пријатни моменти и многу нови генерации и нови успеси во образовниот процес.