Одбележан Месецот на Книгата.
Книгата-изворот на сите мудрости!
Нејзиното височество,удостено со низа активности:
-Изработка на вистинска книга од рацете на нашите ученици;
-Посетена Градската библиотека “Браќа Миладиновци”
А посебна чест и задоволство ни приреди младата и успешна писателка Оливера Балоска Марчетик.
Нашата сограѓанка со топли и одбрани зборови ја пренесуваше нејзината љубов кон пишуваниот збор воедно на нашите ученици им даде поттик и верба дека еден ден и некои од нив ќе бидат идни поети,поетеси или автори на прозни дела.