Денес учениците од нашето училиште традиционално преку пролетен хепенинг го одбележаа пристигнувањето на пролетта. Со песна и во весела атмосфера учениците со своите наставници засадија цвеќиња и сезонски и зимзелени садници во училишниот двор. Пролетните песни кои се слушаа низ дворот дополнително го збогатија настанот, а детските насмевки и разнобојните цвеќиња го украсија нашето училишно дворче!
Голема благодарност упатуваме до сите родители за подарените цвеќиња кои дополнително го разубавија нашиот училишен двор.





